Ајова традицинално е првата американска сојузна држава каде започнуваат подготовките за следните претседателски избори во САД.
Во таа држава се одржуваат првите конвенции на избирачите кои одредуваат кој од кандидатите може да добие партиска номинација и да учествува во последната етапа на претседателските избори.
Поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, е на прво место на листата на можни кандидати за претседателската номинација на Демократската партија. Според резултатите на анкетата спроведена во Ајова, неговата кандидатура ја поддржуваат 32 отсто од демократските избирачи, додека на второ место е сенаторот Берни Сандерс.
Мнозинство од испитаниците укажале дека ќе поддржат кој било кандидат кој „би можел да го победи Трамп“. Сапак, мнозиство од демократските избирачи во Ајова не би сакале повторно да ја видат Хилари Клинтон како кандидат за претседател на демократите.
Првото испитување на јавното мнение во оваа сојузна држава, спроведено од телевизијата Си-ен-ен, весникот „Дес Моинес Реџистер“ и аналитичкиот центар „Медиаком“, ги опфати демократските избирачи во врско со нивните ставови за 20 потенцијални кандидати на демократите за претседател на изборите во 2020 година.
На прво место, според анкетата, и тоа со голема предност, е поранешниот потпретседател Џо Бајден, за чија кандидатура се изјасниле 32 отсто од анкетираните. На второто место е сенаторот Берни Сандерс, кој доби 19 отсто поддршка, додека на трето место е конгресменот од Законоданиот дом на Тексас, Бето О’Рурку, кој стана популарен на ноемвриските избори, со 11 проценти.
Од другите потенцијални претседателски кандидати на Демократската партија, сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен има осум проценти поддршка, а нејзината колешка од Калифорнија, Камалa Харис – пет отсто. Сите останатите потенцијани кандидати на листата имаат поддршка под пет отсто.
Мнозиството од анкетираните ќе поддржат „искусен и познат политичар“. Тие сметаат дека непознат и „новопечен“ политичар нема да извојува победа против сегашниот станар во Белата куќа. Педесет и два отсто од демократските избирачи оцениле дека во процесот на прелиминарни гласања би сакал да видат „максимален број на кандидати“ за партискате номинација и не би сакале да има „силна фигура која ќе доминира“.
Мнозинство од испитаниците изјавиле дека на претстојните избори би гласале за кој било кандидат на Демократската партија, со исклучок на поранешната прва дама на САД и државна секретарка во Администрацијата на Барак Обама, Хилари Клинтон. Големо мнозинство од анкетираните или 72 отсто сметат дека учеството на Хилари Клинтон на овие избори може да стане „негативен фактор“. Речиси половина од испитаниците или 49 отсто не се согласуваат со нејзините ставовови.
Резултатите од оваа анкета во голема мерка се совпаѓаат со податоците од испитување на јвното мислење спроведено од Си-ен-ен кон крајот на минатата недела.
Сепак, социолозите укажуваат дека на федерално ниво голема улога игра популарноста на некој политичар, додека во Ајова кампањата веќе започна и многу од кандидатите успеале да добијата симпатии врз основа на личните настапи пред поддржувачите.