Некогашниот египетски претседател Хосни Мубарак почина на 91 година, пренесуваат египетските медиуми.
Мубарак, кој беше на чело на Египет речиси 30 години, се повлече после големите демонстрации во 2011 година. Тој беше четврт претседател на Египет, а на власт дојде во 1981 година.
Од функцијата претседател се повлече под притисок на демонстрациите, кои подоцна станаа познати како Арапска пролет.
Новите власти го ставија зад решетки, поради бројни обвиненија врзани за корупција, но беше пуштен од затвор во 2017 година, откако поголем дел од обвиненијата беа отфрлени.
Зад себе остави корумпирана власт, тешки обвиненија поради полициска бриуталност и длабоки економски проблеми.