Лекарот од Вухан, Ли Венлијанг, кој се обидел да ги предупреди своите колеги за појавата на коронавирусот, починал во болница во овој град во централна Кина, јави „Гардијан“.
Според извештаите од локалните медиуми, офталмологот доктор Ли Венлијанг денеска починал од смртоносниот вирус.
Ли бил однесен во полиција кога во декември се обидел да ги предупреди другите колеги за вирусот, пренесува агенцијата „Танјуг“.
Тој на 30 декември им испратил порака на докторите во групен разговор, а неколку дена подоцна бил повикан во Бирото за јавна безбедност да потпише писмо со кое се обвинува дека давал лажни информации.
Доктор Ли бил едно од осумте лица кои полицијата ги сослушала за ширење шпекулации.