Почина Кофи Анан, поранешен Генерален секретар на Обединетите нации(ОН) и добитник на Нобеловата награда за мир, објави денеска фондацијата што го носи неговото име.
Анан, со потекло од Гана, почина во болница во швајцарскиот град Берн, рано утрово, објавија двајца негови блиски пријатели.
На чело на ОН беше од јануари 1997 година до декември 2006 година, а во 2001 година заедно со оваа организација беше награден со Нобелова награда заради нејзината ревитализација и враќање на фокусот на човековите права, како и заради борбата против ХИВ во Африка.