Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер го погоди југозападот на Иран, соопшти денеска националниот информативен центар за земјотреси.
Земјотресот се случил во раните утрински часови, а неговиот епицентар се наоѓал на околу 160 километри северозападно од градот Шираз, пренесува Ројтерс.
Здравствените власти соопштија дека 18 лица се хоспитализирани, а 13, по укажаната медицинска помош, се пуштени на домашно лекување.
Има прекини и во електричните и комуникациските линии во погоденото подрачје.