Португалската полиција на јахта во Атлантски Океан откри и заплени 840 килограми кокаин.
Во последните три месеци португалската полиција на море заплени повеќе од 10 тони дрога.
Двајца мажи и две жени кои беа на јахтата осомничени се за шверцување на кокаин од Карибите во Европа.
Полицијата со помош на португалската морнарица и военовоздухопловните сили ја следеле јахтата и ја пресретнале во близина на Азорски Острови.