Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска го објави создавањето на автокефална православна црква на Украина.
– Им честитам на сите создавањето автокефална православна црква на Украина, основана сега во црквата Света Софија, рече Порошенко, обраќајќи им се на присутните на плоштадот пред црквата по соборот за обединување.
– Овој свет ден ќе влезе во историјата како ден на создавањето на обединета автокефална црква во Украина, денот на нашата конечна независност од Русија, додаде претседателот.
Учесниците во денешниот црковен собор за обединување обединет во Киев го избраа Митрополитот Епифаниј од Киевската патријаршија за прв човек во Украинската православна црква.