Бројот на жртви по пукањето во Одеса во западен Тексас порасна на седум, а полицијата наведе дека уште едно лице е повредено и е во животна опасност.
Во пукањето повредени се над 20 лица, а напаѓачот е убиен во престрелка со полицијата.
Мажот отворил оган откако полицијата се обидела да го сопре поради сообраќаен прекршок.
Како што наведе „АП“, повредени се и двајца полицајци кои се обиделе да го сопрат автомобилот во кој се наоѓал напаѓачот.
Полицијата не го објави идентитетот на мажот, ниту мотивот за пукањето, наведе агенцијата.
Пукањето во Одеса се случи само четири недели откако во тексашкиот град Ел Пасо беа убиени 22 лица.
Вчерашниот напад е 25-то масовно убиство од почетокот на оваа година во САД.