Во обид да направат совршено селфи во екстремно опасни ситуации, од 2011 до 2017 година загинале 259 луѓе, покажа студија на Американсата национална медицинска библиотека.
За да се намали ризикот од вакви смртни случаи, истражувачите препорачуваат на опасните локации да се воведат зони на кои е забрането да се прави селфи. Тоа би се однесувало на планински врвови, високи згради и езера каде настрадале најголем број луѓе.
Студијата покажала дека најчести прични за смрт кај лицата кои прават опасни селфија се давење, сообраќајни несреќи и падови. Но имало и случаи кога луѓе настрадале од животни, пожари, огнено оруже. Како и од струјни удари.
Истражувачите истакнуваат дека во 2011 година биле пријавени само три смртни случаи поради селфи, но оти тој број се зголемил на 98 во 2016 и 93 во 2017 година.
Во истражувањето исто така се укажува дека смртните случаи предизвикани од правење селфи често не се пријавуваат.