Руските власти денеска евакуира околу 5.000 лица од 10 објекти во Москва, поради добиени закани преку електронска пошта дека во нив се поставени бомби.
– На 10 адреси примени се анонимни пораки за закани со бомби – соопшти претставник на руската полиција.
Според него, меѓу евакуираните објекти се и седиштето на Руското радио и трговскиот центар „Центер-Т“.
Специјални полициски тимови веќе завршиле со проверките на некои од евакуираните објекти, но не пронашле никакви експлозивни направи.
Ова е втора серија бомбашки закана во Москва во последниве два дена, откако синоќа беа упатени лажни предупредувања за поставени експлозивни направи на две железнички станици и два центри за притвор.