Гувернерката на Мичиген, Гречен Витмер прогласи вонредна состојба во еден округ откако во ист ден попуштија две брани, предупредувајќи дека центарот на Мидленд би можел да се најде три метри под вода за само 12 часа додека илјадници се евакуираат, пренесува РТ.
Браните во Иднвил и Санфорд во близина на Мидленд попуштија вчера по неколкудневните обилни врнежи од дожд и ја принудија гувернерката да издаде наредба за евакуација за 10.000 жители на областа.
– Ако не сте се евакуирале од областа, сторете го тоа сега и засолнете се некаде. Досега не сме виделе вакво нешто во округот Мидленд. Ако имате семејство или пријатели во друг дел од државата, одете таму сега – се вели во изјавата на Витмер, истакнувајќи дека е ангажирана Националната гарда и предупредувајќи дека градот Мидленд би можел веднаш да биде уништен од поплавите.
На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа кои ги покажуваат поплавите и дел од причинетите штети, а еден жител го уловил моментот кога попуштила браната Иднвил.
Локалните власти ги повикаа жителите да се евакуираат што е можно подалеку од реката Титабаваси на повисоко ниво. Во округот има неколку густо населени заедници и голем број хемиски фабрики кои би можеле да бидат унштени од масивната поплава.