Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека Северна Кореја е далеку од своето ветување дека ќе изврши денуклеаризација и оти Пјонгјанг продолжува да крши многу резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Помпео додаде дека се уште постојат начини да се постигне целта – ослободување на Северна Кореја од нејзиното нуклеарно оружје.
Коментарот на Помпео уследи откако вчера беше објавено дека американскиот претседател Доналд Трамп примил писмо од севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.