Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека НАТО треба да са адаптира за да се спротивстави на заканите на руската, се посилна агресија, кинеската стратешка конкурентност и неконтролирана миграција.
– Мораме да ја адаптираме нашата Алијанса за спротивставување на се поголемите закани, без оглед дали станува збор за руска агресија, неконтролирана миграција, кибер напади, закани за енергетската безбедност, кинеската стратешка конкурентност, вклучувајќи технологија и 5Г и многу други прашања, изјави Помпео во воведниот говор на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Вашингтон.