Државниот секретар на НАТО, Мајк Помпео на приемот во Вашингтон по повод 70-годишнината од формирањето на НАТО, оцени дека Алијансата на Балканот се соочила со етнички судири, но во тој регион донела стабилност.
Тој наведе дека „повторно и повторно, Европа и Северна Америка служеле под исто знаме поради иста цел – слобода и демократија, одвраќање на Советскиот Сојуз, донесување на стабилност на Западен Балкан, борба против тероризмот во Ирак и во Авганистан“.
– Се менуваме додека се менува светот околу нас. И додека гледаме заедно кон светот што е помалку предвидлив, продолжуваме да се држиме рамо до рамо, инвестирајќи уште повеќе во одбраната, модернизација на нашата Алијанса, одговарање на утрешнината во кибер просторот – посочи Помпео.