Шефот на американската дипломатија, Мајк Помпео, изјави дека САД сериозно ја разгледуваат можноста за постигнување мир во Авганистан и повлекување на трупите од земјата. Помпео го напиша тоа на неговиот твитер-налог, додавајќи дека САД настојуваат да го зајакнат суверенитетот и независноста на Авганистан.
– САД се сериозно посветени на постигнување мир, спречување ситуации во кои Авганистан повторно би станал место за меѓународен тероризам, како и на враќање на вооружените сили во земјата – порача Помпео.