Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД не сака да влезе во воен конфликт со Иран, во време кога тензиите меѓу двете земји се на многу високо ниво, пренесува Би-би-си.
За време на посетата на Русија, Помпео кажа дека САД бараат од Иран да се однесуваат како нормална држава. Во меѓувреме, лидерот на Иран исто така изјави дека нема да има војна со САД.
Тензиите меѓу двете земји ескалираа откако четири танкери беа оштетени во близина на брегот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во неделата. Истражувачките служби на САД веруваат дека Иран или групи поддржани и блиски со земјата се одговорни за инцидентот, но засега нема конкретни докази за овие тврдења.
Помпео, кој одржа состаноци со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, во Сочи, рече дека САД во никој случај се посакува конфликт со Иран.
– Исто така, јасно им објаснивме на Иранците дека ако американските интереси се нападнати, ние ќе одговориме соодветно – посочи Помпео.
Дополнително на состанокот американскиот државен секретар побарал од Русија да ја прекинат поддршката за претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, став кој го одбил Лавров, велејќи дека заканите на САД за него се недемократски.