Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјави дека САД дошле до заклучок оти сирискиот претседател, Башар ал-Асад, користел хемиско оружје за време на битката со бунтовниците во Одлиб во мај.
– Режимот на Асад е одговорен за многубројни злодела, од кои некои се на ниво на воени злосторства и злосторства против човештвото – изјави Помпео на прес-конференцијата во Њујорк, каде што учествува на состанокот на Генералното собрание на Обединетите нации.
Тој рече дека претседателот на САД, Доналд Трамп, е многу енергичен во одбраната на светот од хемиското оружје, но одби да каже каков би можел да биде одговорот на Вашингтон, пренесе „Ројтерс“.
Администрацијата на Трамп двапати ја бомбардира Сирија поради наводно користење хемиско оружје, во април 2017 и април 2018 година.