Полицијата во САД осуети ново можно масовно пукање на универзитетот „Хај Поинт“ во Северна Каролина.
Синоќа бил уапсен 19-годишниот Пол Стебер, студент во прва година на универзитетот, а во неговата соба биле пронајдени две парчиња оружје, сачмарка и пиштол.
На судењето се дознало дека тој планирал масовна пукотница уште од декември минатата година и дека изучувал слични настани како нападот во црквата во Чарлстон во 2015 година. Нападот планирал да го изврши најдоцна до божиќните празници.
Нападот бил спречен со полициска дојава. Во изминатиот период во САД зачестиле дојавите до полиција за лица чии постапки, онлајн или реално, укажуваат дека може да извршат оружен напад.