Британската полиција денеска употреби пиштол за електрошок за да неутрализира маж на територијата на Вестминстер, јави Ројтерс.
Агенцијата објави фотографии кои покажуваат вооружена полиција која користи електрошокер врз маж пред Кериџ Гејтс, главната врата на британскиот парламент.
Подоцна на мажот му биле ставени лисици, а безбедносните сили сѐ уште не го коментираат овој случај.
Калид Масуд во март 2017 година уби четири лица на блискиот мост Вестминстер, па со нож усмрти и полицаец во близина на Кериџ Гејтс, по што беше застрелан.
Во август беше уапсен маж кој со автомобил удри во пешаци и велосипедисти пред да се забие во пречките пред парламентот.