Неколку полицајци во Њујорк и полицајци од округот Флинт во Мичиген клекнаа на улица со демонстрантите кои протестираа поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.
Полицијата сакаше да покаже солидарност со демонстрантите и да покаже дека не се за насилство.
Неколку полицајци во Њујорк клекнаа заедно со мирните демонстранти на тротоарот и му оддадоа почит на починатиот, пренесува „Си-ен-ен“.
Меѓу нив беше и темнокожиот шеф на полицијата во Бруклин, Џефри Мареј, пренесува АП.
Jamaica Avenue, Queens at 12:44pm pic.twitter.com/R96r7d7tph
— Esther-Lauren (@_estherlauren) May 31, 2020
Во видеото објавено на социјалните мрежи, може да се слушнат извици на насобраните „благодарам“, упатени до полицијата.
Демонстрантите потоа ги опколија полицајците и клекнаа со нив.
Еден од демонстрантите потоа гласно ги изговори гласно имињата на другите починати Афроамериканци.