Поранешниот полицаец Герет Ролф, кој пукаше и го уби Афроамериканецот Рајшард Брукс, ќе биде обвинет за убиство.
Како што објави Род Хауард, обвинител во округот Фултон во сојузната држава Џорџија, против Ролф ќе биде подигнато обвинение поради убиство на 27-годишниот Брукс, кој не покажувал агресија во ниеден момент за време на апсењето, пренесува Си-ен-ен.
На Ролф му се заканува доживотен затвор или смртна казна ако биде прогласен за виновен.
Хауард рекол дека на Брукс во ниеден момент не му било кажано дека е уапсен поради возење под влијание на алкохол и дека тој не се однесувал агресивно. На почетокот на инцидентот тој дремел, навел окружниот обвинител, а потоа соработувал со полицијата.
Обвинителот рекол дека Ролф со нога го туркал Брукс додека лежел на земја и се борел за воздух, по што бил погоден и објаснил дека на полицајците од Атланта им е забрането да пукаат од пиштол во некого кој бега.
Полицаецот Герет Ролф, кој за време на приведувањето на Афроамериканец во Атланта пукаше во него и го погоди во грб, веднаш е отпуштен од работа.