Во двете претседателски кампањи со мали изгледи за победа, Берни Сандерс изложи прогресивни идеи за националната агенда и ја смени иднината на американската политика
Во говорот со кој го соопшти повлекувањето од претседателската трка Берни Сандерс го цитираше Мартин Лутер Кинг велејќи „лакот на моралниот унивезум е долг, но тој се витка кон правдата. Долгата борба за правда е суштината на нашето движење“, пишува „Гардијан“.
Ова не беше обичен говор, но ова не беа ниту обична кампања, ниту обичен кандидат. Берни Сандерс ја почна кариерата во анонимност, прво како член на Социјалистичката лига на младите, а потоа продолжи како кандидат на малата трета партија, која собра два отсто од гласовите, бунејќи се против „двата отсто на светот“ кои го контролираа богатството на Америка.
Пораката на Сандерс не беше внимателно насочена кон одредена целна група или составена од „експерти“, туку дојде од неговото јасно социјалистичко разбирање за функционирањето на светот во кој моќните секогаш ќе ги победат слабите, доколку слабите не се организираат за да возвратат. Со неговата морална бистрина и гнев, сенаторот од Вермонт делуваше како последен примерок на политиката во изумирање. Тој беше твроглав, одби да се менува и да „еволуира“ со промената на политичката клима.
Уште од април 2015 Сандерс успеа да ги собере потенцијално незадоволните во сопствена публика. Не создаде гнев кон неправедниот економски систем, ниту кон децениите на разочарувања од либералната политика, туку јасен наратив на она што е погрешно, собирајќи поддршка за сет политики кои можат да ја подобрат состојбата, како и да ги идентификуваат можностите за промени, што можат да доведат до реализација на болно потребната „политичка револуција“.
Јадрото на платформата на Сандерс стана разумно за милиони Американци. Како што тој кажа во говорот „ние победуваме во иделолошката битка“. Здравствена заштита за сите, бесплатни студии и школарини, универзална грижа за децата, слободна трговија и заштита на добрите работни места, платите, како и нов зелен договор врз основа на потребите на работниците – агендата на Сандерс сега претставува популарно распространето размислување.
Но Сандерс не успеа во завршницата од неговата мисија. Не успеа да ја мобилизира коалицијата на неговата политичка револуција на која сметаше. Му беа потребни оние што не гласаат редовно, но не дојде до тоа.
Сандерс се надеваше дека ќе излезе како фигура со моќта на Франклин Рузвелт, способен да ја користи државната моќ за да институционализира реформи и да ги отстрани пречките за организирање на работничката класа. Наместо тоа, тој ќе треба да го прифати местото покрај моралните лидери како Мартин Лутер Кинг, Јуџин Дебс и Мери Харис, кои беа соочеени со големите зла на нивното време, и кои ќе продолжат да ја инспирираат борбата за слобода и правда.