Париското Обвинителство почна истрага за пожарот кој вечерва избувна во средновековната катедрала Нотр Дам во Париз.
Неофицијално се претпоставува дека пожарот е поврзан со реновирањето на катедралата.
– Сè гори, ништо нема да остане, изјави портпаролот на Нотр Дам Андре Фино.
Заменикот градоначалник на Париз Емануел Грегоар изјави дека специјални тимови се обидуваат да ги спасат уметничките и други непроценливи дела кои се наоѓаат во катедралата. Тој оцени дека Богородичната црква претрпела „колосална штета“.
Новинарот на Фигаро известува дека во близина на пожарот се собираат луѓе кои плачат и се прегрнуваат.