Главен организатор на терористичкиот напад во Шри Ланка бил Инсхан Селаван, еден од бомбашите самоубијци кој во неделата детонираше експлозив во хотелот Шангри-Ла.
Ова за „Си-ен-ен“ го изјави Ширал Лакитлака, советник на претседателот на Шри Ланка.
Тој рече дека ја разоткриле целата терористичка мрежа, а други високи функционери предупредија дека дел од осомничените за нападот уште се на слобода.