Банкрот на „Салцбург шоколаде“
Компанијата „Салцбург шоколаде“ од Гродиг, Австрија, најпозната по производството на слатките моцарт-кугли, поднесе барање за стечај.
По стечајот на компанијата, кој се случи неделава, се воделе разговори меѓу раководството и претставниците на синдикатот, на кои од „Салцбург шоколаде“ рекле дека не се во можност да им ги исплатат ноемвриските плати на работниците.
– Компанијата е тешко погодена од пандемијата од 2020 година. Овој развој на настаните е шок за сите во Салцбург и ова сценарио, со оглед на популарноста на оваа чоколадно колаче, никој не можеше да го предвиди – рече извршниот директор Кристијан Шугерл.
Во меѓувреме, како што пренесуваат медиумите, погонот на „Салцбург шоколаде“ во Чешка и натаму останува отворен.
Инаку, оваа компанија е основана во 19 век. Најголем раст доживеа по Втората светска војна. Светски познатите моцарт-кугли и другите слатки со кои забележаа најголем продажен успех се произведуваат во Гродиг од 1948 година.