Пожар избил во нуклеарна термоелектрана во Унгарија, кој што го угаснале вработените. Според информациите, пожарот избил во четвртиот блок од нуклеарната термоелектрана „Пакс“.
Како што соопшти унгарската Агенција за атомска енергија, пожарот кој избил во централната нуклеарка, не влијаел на работата на нејзината работа, пренесе МТИ.
Исто така, како што се додава, не е оштетен ниту безбедносниот нуклеарен систем.