Претставничкиот дом на американскиот Конгрес поднесе обвинение до Сенатот за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, бидејќи неговиот говор ги охрабрил приврзаниците на упад во Капитол Хил на почетокот на јануари.
Девет демократи од Претставничкиот дом, во улога на обвинители, поминаа низ ходниците низ кои демонстрантите се движеа низ Конгресот на 6 јануари, носејќи обвинение до Сенатот, пренесува „Ројтерс“.
По пристигнувањето во салата на Сенатот, пратеникот Џејми Раскин, демократ од државата Мериленд, го прочита обвинението.
– Доналд Трамп изврши злосторство и прекршок затоа што поттикна насилство против американската влада – рече Рискин.
Потребно е двотретинско мнозинство во Сенатот за да се осуди Трамп, а бидејќи тоа тело е поделено на 50 републиканци и 50 демократи, 17 републиканци ќе мораат да се свртат против Трамп и да гласаат дека е виновен, под услов сите демократи исто така гласаат против поранешниот претседател, според Гласот на Америка.
Додека Рискин го читаше обвинението, присуствуваа 30 демократи и само тројца републиканци.