Поголемиот дел од парите што беа ветени од донатори за обнова на Богородичната црква допрва треба да бидат уплатени, изјавил парискиот надбискуп Мишел Опети.
Тој исто така рекол дека износот од милијарда евра што се споменува во медиумите не го ветила ниту една фондација или, пак, администрација.
Богородичната црква беше оштетена во пожарот што избувна на 15 април. Луѓе од целиот свет и милијардери ветија дека ќе дадат најмалку 750 милиони евра за нејзината обнова.
Според Опети, од пристигнатите 13,5 милиони евра, 9,5 милиони евра дошле од 43 илјади донатори од Франција и странство, меѓу кои 7 илјади Американци.
Преостанатите четири милиони дошле од поголеми донатори.