Иранската револуционерна гарда заплени танкер во Голфскиот залив, кој според наводите на иранските медиуми, пловел под знаме на Велика Британија.
Сопствениците на пловилото, кое се движело кон Саудиска Арабија, рекле дека не можеле да контактираат со никој од танкерот, но дека тоа се движело северно кон Ирак.
Британското министерство за надворешни работи соопшти дека ги испитува наводите.