Најмалку 10 лица загинаа, а 27 се повредени во самоубиствен бомбашки напад врз мини автобус кој превезувал регрути кон градот Џалалабад, во источен Авганистан, соопшти локалната власт.
Покрај регрутите, меѓу жртвите се и цивили, меѓу кои и едно дете, пренесува „Ројтерс“.
Некои од повредените се во критична состојба.
Ниту една група не презеде одговорност за нападот, но во Џалалабад во последните години милитантите на Исламска држава извршија серија напади врз владините канцеларии, училиштата и хуманитарните организации.