Четиринаесет лица се повредени во Чикаго при напад од возило, на што одговориле присутните на погребна церемонија, соопшти полицијата.
Едно лице е во притвор по престрелката на југот на Чикаго, изјави портпаролот на полицијата Ерик Картер.
Возилото од кое било пукано на погребната поворка, при бегството излетало од патот недалеку од местото на погребот, а напаѓачите избегале.
Според сведоците, во престрелката било користно различно огнено оружје, а ранетите лежеле на улицата во близина на погребалното и многумина од нив крвареле. Полицијата објави дека повредените биле пренесени во петте најблиски болници, а повеќето од нив се во сериозна состојба.
Сите повредени се возрасни лица. Властите не објавија на чиј погреб тие присуствувале.