Министерство за надворешни работи на Индија соопшти дека 20 нејзини државјани се киднапирани од танкер што превезувал нафта во водите во близина на западна Африка.
– Нашата мисија во Абуџа работи на тоа со нигериските власти, како и со другите соседни земји – соопшти Министерството.
Како што се наведува, станува збор за брод што пловел под знамето на Маршалските острови, пренесе „АП“.
Превозникот, во чија сопственост е бродот, на својот сајт објави дека екипажот „бил нападнат“ и дека пиратите се качиле на него во текот на преносот на нафтата од Ангола за главниот град на Того.