Во зградата којашто се сруши денеска во Шангај пет лица го загубија животот, а 14 се извлечени од рушевините.
Зградата била во фаза на реновирање, и тука требало да биде отворен авто-салон.
Во моментот на несреќата во зградата имало 20 лица.
Причините за рушењето на објектот сѐ уште не се познати.