Петчлено семејство загина во големата несреќа што се случи вчера во Италија кога кабина се откачи од жичница.
Брачен пар, нивното дете и родителите на сопругот се помеѓу 14-те жртви на трагедијата.
Најмладата жртва е 2-годишниот Том Бринан, а неговиот 5-годишен брат е единствениот преживеан, но се наоѓа во болница и се бори за живот со тешки повреди на главата, телото и на нозете.
Засега не е позната причината за несреќата, но се претпоставува дека откажал еден од каблите кои ја држеле кабината. Италијанскиот министер за транспорт Енрико Џованини вети дека истрагата ќе го расветли случајот.