Пет лица се ранети во два оружени инцидента во Сан Диего, јави АП.
Полицијата на Сан Диего соопшти дека две лица рано утрово застрелале три мажи и жена, додека петтото лице е рането во близина.
Меѓу повредените двајца се потешко ранети, но не се во животна опасност.
Локалната полиција верува дека двајцата осомничени се одговорни за двете пукања.
Не е јасен мотивот за нападите, но полицијата претпоставува дека станува збор за пресметка меѓу банди.