Американски воени бродови редовно спроведуваат операции во Азиско-тихоокеанскиот регион, вклучувајќи го и во Јужното Кинеско Море, во согласност со меѓународното право и овие маневри ќе продолжат, соопшти Пентагон.
– Силите на САД секојдневно спроведуваат операции во Азиско-тихоокеанскиот регион, вклучувајќи го и Јужното Кинеско Море. Сите операции се спроведуваат во согласност со меѓународното право и покажуваат дека САД можат да вршат летови и да се движат по море секаде каде тоа е дозволено со меѓународното право- изјави портпаролот на американското Министерство за одбрана, Кристофер Логан.
Коментарот на Логан доаѓа по изјавата на кинеското Министерство за одбрана, за кое вчерашната пловидба на два американски воени брода во близина на Парацелските острови во Јужното Кинеско Море е „сериозно нарушување на суверенитетот“.
– Ние продолжуваме со нашите операции со цел гарантирање на слободата кои ги спроведувавме во минатото во согласност со воспоставениот ред и ќе продолжиме и во иднина- рече Логан.