Намерата на Вашингтон да го зголеми својот воен буџет е предизвикана од психолошко нарушување и параноја која ги измачува одредени членови на администрацијата на Бајден, во услови на претерување со наводната „кинеска закана“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, Ву Кијан, пренесува ТАСС.
-Одредени претставници на американската администрација веќе извесно време не се во можност да се ослободат од манијакалната психоза и замислата дека се прогонувани. Тие станаа опседнати со шпекулациите за т.н. кинеска закана и ирационално ја преувеличуваат темата за предизвикот од Кина – рече Кијан, коментирајќи ја најавата на Вашингтон за зголемување на воениот буџет.
– Ова е олицетворение на ментални нарушувања, што може да резултира само со штета на другите, како и на самите себе, а да не ги спомнуваме самоисполнувачките пророштва . Кина нема намера да им се заканува на други земји или да претставува каква било закана за нив. Сепак, ако некој ѝ се закани или ја предизвика Кина, нема да имаме друг избор освен да одговориме – заклучи тој.
На 13 април, Канцеларијата за управување и буџет на САД (ОМБ) објави дека Вашингтон планира да побара од Конгресот 715 милијарди долари за воени потреби. ОМБ, наводно, ќе побара 753 милијарди долари за финансирање на националната одбрана, а најголемиот дел од оваа сума е наменета за Пентагон. Со тоа, буџетот на Министерството за одбрана на САД ќе се зголеми за 1,6 отсто за фискалната 2021 година.