Програмата „Аполо“ почна пред 50 години со првиот човечки лет во вселената, кој ги постави темелите за мисиите во кои десетина мажи слетаа на Месечината меѓу 1969 и 1972 година
Програмата „Аполо“ беше воведена за време на администрацијата на Двајт Ајзенхауер, но подоцна ѝ послужи на националната цел на претседателот Џон Ф. Кенеди, предложена во обраќањето пред Конгресот во 1961 година за „испраќање на човекот на Месечината и негово безбедно враќање на Земјата“ до крајот на деценијата.
Шест години по атентатот на Кенеди, лунарниот модул „игл“ на „Аполо 11“, вклучувајќи ги астронаутите Нил Армстронг и Баз Олдрин, успешно слета на Месечина на 20 јули 1969 година. Третиот астронаут Мајкл Колинс остана во Месечевата орбита во командниот модул затоа што требаше да го врати „игл“ и сите заедно безбедно да се вратат на Земјата. Пет последователни мисии на „Аполо“ испратија повеќе астронаути на Месечината, а последната беше во декември 1972 година. Вкупно 12 Американци стапнаа на Месечината.
Првата човечка мисија на „Аполо“ почна на 11 октомври 1968 година, а датумот го избра НАСА за одбележување на 50-годишниот јубилеј. Вселенската агенција (основана во 1958 година) ја постигна својата цел да испрати луѓе на Месечината и покрај големите проблеми во 1967 година кога „Аполо 1“ го зафати пожар за време на лансирањето, во кој загина целиот екипаж.