Патнички авион со повеќе од 80 лица се урна и се запали во Авганистан, во областа што ја контролираат Талибанците.
Авионот на националната компанија „Аријана Авган ерлајнс“ се урнал во планинскиот предел Дех Јак во источната провинција Газни додека летал од Кабул кон Херат. Судбината на патниците сè уште не е позната.
Локалните медиуми објавија дека имало вкупно 83 лица во авионот. Полетал во 1.15 часот по локално време.