Папата Франциск рече дека некои луѓе во Католичката црква се надевaле оти тој нема да ја преживее неодамнешната операција на дебелото црево и ги осуди таквите, како што ги нарече, бучни конзервативни критичари за „ѓаволска работа“ кога ја поткопуваат Римокатоличката црква, објави „Ројтерс“.
– Знам дека имаше дури и состаноци меѓу некои црковни водачи, кои рекоа дека папата е во многу посериозна состојба од она што беше кажано. Тие се подготвуваа да изберат нов папа. Нека им биде. Фала му на бога, јас сум добро – рече папата за време на неодамнешната посета на Словачка.
Папата беше на операција на 4 јули и помина 11 дена во болница. Тој ја критикува главната католичка телевизија, која не ја именуваше, но оцени дека е цел на постојани вербални напади.
– Можеби ги заслужувам овие напади и навреди затоа што сум грешник, но црквата не го заслужува ова. Тие се дело на ѓаволот – додаде тој.