Папата Франциско денеска повика на дијалог и воздржаност, два дена откако САД го убија иранскиот воен командант Касем Сулејмани.
Говорејќи денес на молитва во Ватикан, папата не го спомна Иран, но зборуваше за ужасната напнатост што може да се почувствува во многу делови на светот, пренесе „Ројтерс“.
– Ги повикувам сите страни да го задржат пламенот на дијалогот и самоограничувањето, отфрлајќи ја сенката на непријателство – рече папата.
Војната носи само смрт и уништување, додаде тој.
Иранскиот воен командант Сулејмани беше убиен во петокот во напад на САД, што доведе до тензии во регионот.