Папата Франциск денес го изрази своето одушевување пред верниците затоа што првпат излезе во јавноста по пауза од шест месеци.
Утрово, во дворот на Сан Дамасо, 84-годишниот папа им рече на верниците дека е среќен што се гледаат повторно лице в лице, пренесува „Анса“.
Почитувајќи ја социјалната оддалеченост и проверувајќи ја температурата на влезот, публиката со одушевување го следеше обраќањето на папата посветено на темата молитва.
„Многупати молитвата е борба“, рече папата Франциск кој е вакциниран против коронавирус.
За време на најтешката криза предизвикана од коронавирусот, кога Италија забележа повеќе од 40.000 новозаразени, папата ја извршуваше неделната служба преку видеоврска од библиотеката во Ватикан.