Папата Франциско го именуваше италијанскиот новинар Паоло Руфини за шеф на ватиканската служба за комуникации, што е првпат на чело на некоја служба на Светата столица да се најде припадник на световната заедница. 

Руфини доаѓа на местото кое беше ослободено во март, каде дотогаш се наоѓаше монсињор Дарио Вигано, кој беше принуден да поднесе оставка откако погрешно го претстави писмото на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти.

Руфини моментно е директор на ТВ2000, телевизија која пренесува конференции на италијанските епископи, а претходно работел за државната телевизија РАИ и италијанските весници „Матино” и „Месаџеро”. 
   
Вигано беше принуден да поднесе оставка откако селективно го цитираше писмото на поранешниот папа Бенедикт за папата Франциско и дигитално манипулираше со фотографијата на тоа писмо. 

Папата Франциско го задржа Вигано во ватиканската служба, но му го намали рангот.