Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека е потребна посилна соработка.
Тоа е, како што беше истакнато, особено важно во случај на глобални проблеми како што е пандемијата на коронавирусот.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека по Втората светска војна, ООН учествувале во воспоставувањето на нов светски поредок и заедница за зачувување на мирот и иднината. Сепак, канцеларката истакна дека ООН премногу често мора да заостанува зад своите идеали, бидејќи интересите на одделни земји-членки од време на време спречувале овој поредок да функционира на начинот на кој првично било замислено. Канцеларката посочи дека оние кои веруваат дека самите можат подобро, грешат.
„Нашиот свет е нешто што го споделуваме, исто така и нашето страдање. Ние сме еден свет“, истакна Меркел.
Таа се осврна на пандемијата ковид-19 и рече дека ова е еден од примерите што покажува дека глобалните проблеми бараат глобална соработка надвор од националните граници и на сите нивоа.
Шпанскиот крал Филип Шести изрази благодарност за постоењето на ООН, како и благодарност до сите оние без кои оваа организација немала да постои и на сите што учествувале и кои учествуваат во реализацијата на нејзината мисија.
Кралот посочи дека е потребно поголемо единство и соработка меѓу народите, како што покажа пандемијата ковид-19, со која целиот свет во моментов се бори.
Шпанскиот крал рече дека идејата за посветеност е важна за ООН, и во тој контекст посочи дека Шпанија ќе остане лојална членка на ООН и сигурен партнер на другите земји кои се нејзини членки.
Претходно на сесијата, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел оцени дека предизвиците на иднината не се исти денес како и пред 75 години, кога беа основани Обединетите нации, и дека овие предизвици бараат наше целосно залагање и борба за универзалните вредности.
Како што рече, и како политичар и како граѓанин, тој е загрижен за иднината на планетата и би сакал да осигури дека неговите и другите деца ќе имаат слобода и почит, свет без дискриминација, како и пристап до вода и „ќе ги рашират крилјата“.
Претставникот на САД изјави дека институциите постојат за да им служат на луѓето, како и дека САД се горди што им служат на ООН 75 години.
ООН претрпе неверојатна еволуција, рече американскиот претставник и посочи дека САД се најголем донатор на ООН за сите 75 години.
Кинескиот претседател Си Џинпинг рече дека пандемијата ковид-19 е голем предизвик за човештвото, и поради новата реалност, светот мора да размисли какви ООН во ерата по пандемијата.
Како што рече, сите мора да работиме заедно за да обезбедиме безбедност, што е императив.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека многу градители на мирот се обврзале да работат во служба на ООН на различни нивоа.
Како што рече, постои посветеност и потреба да се соочиме со реалноста.