Пакистанските власти ја отфрлија конечната жалба на 18 меѓународни хуманитарни организации и ја потврдија одлуката за затворање на нивните канцеларии во земјата.
Повеќето организации се од САД, Велика Британија и Европа.
Пакистанските власти претходно годинава одлучија да затворат, без никакво образложение, 38 меѓународни хуманитарни организации.
Портпаролот на Пакистанската хуманитарна фондација која обединува 15 добротворни организации, Умаир Хасан денеска изјави дека одлуката на властите ќе влијае врз милиони сиромашни Пакистанци.
Како што наведе, земјата поради оваа одлука ќе загуби повеќе десетици милиони долари помош.