Вредноста на турската лира во однос на американскиот долар денеска се намали за над два проценти, откако Владата во Анкара објави план за намалување на даноците во неколку сектори до крајот на годината.
Како што соопшти турскиот министер за финансии Берат Албајрак намалувањето на даноците, меѓу останатото, ќе се однесува и за автомобилите, белата техника и мебелот.
Најавата на Албајрак уследи само неколку часа откако Централната банка на Турција ја зголеми својата прогноза за нивото на инфлацијата во земјата, предвидувајќи инфлациската стапка до крајот на 2018 година да достигне 23,5 проценти.
Набрзо по најавата на Албајрак за даночни реформи, вредоста на лира се намали од 5,63 на 5,50 турски за една американска валута. На затворањето на берзата, еден американски долар чинеше 5,6050 лири.
Од почетокот на годината вредноста на турската лира во однос на американскиот долар се намали за над 40 проценти.