Најмалку две лица загинаа денеска кога мал авион поради лошото време се урна во планинската област на северот на Непал, соопштија властите.
Во несреќата загинале пилотот и копилотот, наведува агенцијата Асошиејтед прес.
Полицијата соопшти дека товарниот авион загубил контрола со контролната кула неколку минути по полетувањето.
Остатоците од авионот биле пронајдени на брегот на реката Бухункаре, на околу 500 километри од Катманду.
Авионот се користел за транспорт на храна во планинскиот регион.