Обвинителите во сојузната американска држава Масачусец ги отфрлија обвиненијата за случајот против глумецот Кевин Спејси (59), кој беше обвинет за сексуална злоупотреба на 18-годишно момче во бар во 2016 година, јавува Би-би-си.
Обвинителствтото ги отфли обвиненијата за непристоен напад, откако човекот што го обвини глумецот одби да сведочи за изгубен мобилен телефон, за кој одбраната рече дека би можел да ја потврди невиноста на нивниот клиент Спејси.
Популарниот холивудски глумец Кевин Спејси се соочи со неколку обвиниенија за сексуално малтретирање, но ова беше единствениот случај кој резултираше со судски процес. Тврдењата за однесувањето на глумецот се од пред три години, кога наводната жртва пред судот се изјасни дека Спејси му купувал алкохол и непристојно го допирал за време на забава во бар на островот Нантакет.
Човекот кој го обвини Спејси доби наредба да се изјасни пред судот овој месец откако рече дека го изгубил телефонот кој го користел ноќта кога се случил наводниот напад. Адвокатите на популарниот глумец потоа го обвинија човекот дека избришал важни смс-пораки за случајот и дека телефонот би можел да се искористи за да се докаже невиноста на нивниот клиент.
Обвиниенијата за глумецот се појавија во јавноста откако друг глумец го обвини Кевин Спејси за сексуален напад кога тој имал 26 години. Холивудската ѕвезда само се извини и рече дека не ја помни оваа случка.
Во момент кога Кевин Спејси се соочи со повеќе други обвиненија за сексуална злоупотреба, оскаровецот беше отпуштен од мегапопуларната серија „Куќа од карти“, а доби отказ и од други филмови.
Случајот во Нантакет, во кој сега се отфрлени обвиненијата за Спејси, е еден од ретките случаи кои резулитраа со судски процес поради холивудскиот тренд наречен „и јас исто така“, во кој холивудските ѕвезди откриваа сексуални злоуотреби за кои молчеле и немале храброст да ги кажат јавно.