Домот на браќата Брајан и Луис, на Лонг Ајленд во Њујорк, има американско знаме во дворот, ограден со висок бел ѕид, криејќи ја нивната тајна – презимето Хитлер, пренесува „Бизнис инсајдер“. Третиот брат Александер, исто така, живее во близина.
Семејството, криејќи го нивното потекло, го сменило презимето во Хилер во 1946 година, а потоа и во англиско двојно презиме. Брајан и Луис се правнуци на германскиот диктатор. Адолф Хитлер бил вујко на нивниот татко, Вилијам Патрик Хитлер. Тој бил роден во Обединетото Кралство, а потоа се преселил во САД во 30-те години на минатиот век. Вилијам бил во морнарицата и се борел против Германците во Втората светска војна.
Вилијам Хитлер потоа се повлекол на Лонг Ајленд, со неговата сопруга Германката Филис, менувајќи го презимето за да го заштити семејството. За ваквата постапка придонел и ставот на Адолф Хитлер за неговиот роднина, за кого Вилијам бил „одвратен“.
Британскиот писател Дејвид Гарднер открил дека Хитлер има потомци, во една од неговите книги. Новинарите на „Њујорк тајмс“ исто така го пронајдоа семејството на нацистичкиот лидер во 2006 година. Но, семејството одби да дава интервјуа, задржувајќи ја тајновитоста. Никој од соседите, со кои новинарите се обиделе да разговараат, не знаеле ништо за семејството.
Новинар на германски „Билд“, сепак, успеал да разговара со 68-годишниот Александер Хитлер за актуелни прашања од светската политика, во неговиот дом во Њујорк.
– Ми се допаѓа Ангела Меркел. Таа е добра. Делува како паметна личност. Таа ги прави работите кои се неопходни. Би гласал за неа кога би можел – кажа Александер, чие средно име е Адолф.
Александер Хитлер открил и дека е републиканец кој редовно гласа, но нема добро мислење за американскиот претседател Доналд Трамп.