Експлозивни направи се пронајдени денеска во близина на детско игралиште во централниот дел на холандскиот град Утрехт, соопшти локалната полиција.
На местото каде се откриени експлозивите веднаш биле испратени специјални тимови за деминирање, кои ги уништиле направите со контролирана експлозија.
Триесет и седум годишниот Турчин, Ѓокман Танис на 18 март во Утрехт уби четири лица, пукајќи во трамвај. Тој пред полицијата изјави дека нападот го извршил од лични причини.